Македонскиот маратонски пливач, Александар Илиевски на втори август ќе се обиде стане првиот пливач кој го препливал Охридското Езеро и тоа во должина од 71 километар.
Рутата која Илиевски на Илинден ќе ја плива е Охрид – Св. Наум – Подградец (Албанија) – Струга – Охрид. Тој со овој подвиг ќе стане првиот пливач кој го препливал Охридското Езеро.
На 2. август со старт во раните утрински часови (3:00) ќе се обидам да направам Подвиг, да го препливам Охридското Езеро на релација Охрид-Св.Наум-Подградец(Албанија)-Струга-Охрид во должина од 71 км. Се гледаме попат и Св.Илија нека ми даде сила и мирно езеро да издржам во остварувањето на овој подвиг кој претставува моја долгогодишна желба. Спортски Поздрав !!!“, го најави Илиевски својот подвиг на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.