Македонската одбојкарска репрезентација со максимални 3:0 во сетови го совлада Кипар во премиерниот натпревар од групната фаза во овогодишното издание на Европската сребрена лига.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ, во Струмица ја оправдаа фаворитската улога и ги решија во своја корист трите сета со идентични 25:21

Во вториот натпревар во рамки на групата А, Данска во неизвесен натпревар триумфираше над Израел со 3:2.

Во второто коло, што е на програмата утре, македонските одбојкари со почетокот од 20 часот играат против израел, додека претходно во салата „Парк“ во Струмица се среќаваат Данска и Кипар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.