Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, вечерва се сретна со ракометарите од МРК Куманово.

Куманово е спортски град, а како одговорни чинители мора да се стремиме да ги подобруваме условите за развој на спортот, за здрави животни навики и градење на капцитети за нашите млади спортски таленти. Вечерва, имав чест да се сретнам и да поразговарам со ракометарите од МРК Куманово. Горд сум што во изминативе 4 години направиме многу за спортот. Сакаме и во идниот мандат вистински да се грижиме и да допринесеме за спортски активна младина, за модерни и функционални спортски објекти“, рече Димитриевски.

По победата на 17-ти октомври како дел од приоритните проекти предвидени се градење на нови модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште и во секоја урбана или месна заедница, каде што во моментот нема, целосна реконструкција на спортска сала и реконструкција на Соколана, како и реконструкција и пуштање во употреба на градски стадион.

Во програмата, исто така предвидено е целосна реконструкција на спортски комплекс во поранешен Дом на АРМ, со мултифункционално игралиште со тартан подлога, спортска опрема и реквизити и реконструкција на трибини, како и отворање спортска сала за лица со попреченост

Како едни од приоритетите за развој на спортот ќе биде изградбата на модерно спортско игралиште за секој училишен објект на територија на Општина Куманово и нови спортски комплекси, терени и игралишта за поттикнување на спортските активности кај младите.

Сите проекти кои се предвидени за секторот спорт може да ги погледнете на следната веб-страница: https://maksimdimitrievski.mk/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.