Македонското знаме се развеа на свеченото отварање на 32. Олимписки игри кои денеска свечено беа отворени во Токио. Знаменосците Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски ја предводеа македонската делегација на свеченото отворање. Реџепи во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на Covid-19.
Македонските олимпијци излегоа како педесет и први од вкупно 205 држави за време на свечената церемонијата. Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.