Танчери од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржа во Сараево, БиХ.
Зад нашите танчери останаа претставниците на Италија и Србија.
По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата Светски Шампион во детска категорија. Покрај титулата светски шампион во Латино Шоу категорија деца, тие освоија уште две значителни награди:
3то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и 4то место, во Латино Шоy, возрасна категорија – најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танц дисциплина.„Eat the Beat“ се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која константно постигнува успеси на светските првенства.
Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампион, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.