Македонската одбојкарска репрезентација денеска во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска.
Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарија совладувајќи ги со 3:1 во сетови.
Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата на Хрватска со 3:2 во сетови.
Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, а претходно (17 часот) во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска. р
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.