Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Албанија со 3:0 (25:21, 25:21, 25:23) синоќа во Скопје на вториот пријателски меѓусебен дуел на крајот од 2018 година.

Во пресрет на завршницата од квалификации за Европското првенство 2019, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ја немаа помошта на капитенот Никола Ѓорѓиев, а во составот не беше ниту техничарот Филип Деспотовски.

Сепак Македонија одигра добро и без загубен сет го заврши мечот во СРЦ „Кале“. За „црвено-жолтите“ ова е деветти триумф над Албанија.

Денеска репрезентативците ќе имаат слободен ден, а со тренинзи ќе продолжат на првиот ден од 2019. На 5 јануари гостуваа во Запорожје кај Украина, на 9 јануари Македонија ја пречекува Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.