Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа во вториот настап на првиот турнир од групата „А“ во Европската сребрена лига.
Вечерва во Струмица „црвено-жолтите“ го совладаа Израел со 3:1, по сетови 21:25, 25:22, 25:23 и 31:29 за максимален ефект по првите две кола.
Вообичаено најдобар играч во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓоргиев со 22 поена, Ристо Николов одигра добар натпревар со 16 освоени поени.
Утре македонските одбојкари кои водат во А групата со 6 бода, за противник ќе ја имаат данската селекција која е втора со 5 бода. Израел има 1, додека Кипар е последен без освоен бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.