Македонските алпинисти Ирина Дишовска и Лазо Миновски викендов го искачија врвот Ама Даблам, на Хималаите. Врвот е висок 6.812 метри (н.м.в.), а двајцата алпинисти го освоиле во саботата, во 9 часот по локално време во Непал.
Врвот Ама Даблам е планината која важи за најголем предизвик за сите планинари, но и за вечно почивалиште за илјадници кои не успеале да ги надминат сите предизвици кои таа ги носи. Станува збор за врв висок 6.812 метри, кој важи за еден од најтешките за освојување не само на овој планински масив туку и во светот поради што меѓу аплинистите е познат како „монструмот од Хималаите“.
Не можам да опишам какви емоции имаше во мене, со солзи, и скоро заборавив на ладното и исцрпеноста што ја имав. Со Ирина Дишовска работевме оваа година и желбата си ја остваривме, напиша Миновски на неговиот профил на „Фејсбук“ после подвигот.
Врвот Ама Даблам е еден најпопуларните на Хималаите и се наоѓа во групата на потешки алпинистички дестинации во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.