Македонскиот професионален боксер, Горјан Гого Славески, ја освои титулата во УФБ верзијата до 76 килограми на турнир во Минхен, Германија.
За 26-годишниот Македонец ова е осма победа на десет досегашни борби во профи рингот.
Славески го нокаутира Србинот, Славиша Миодраг, во петтата рунда во меч кој беше предвиден да трае осум рунди.
Следен предизвик за Славески е мечот за ВБФ балканската бокс федерација.
Се очекува Славески во вторник да се врати во Скопје и да има разговори со надлежните за да се приклучи на македонската боксерска репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.