Најталентираниот и најнадежен македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го почна својот настап на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон.
17-годишниот Калин, во првото коло во јуниорска конкуренција го победи Дејли Бланш од САД.
Ивановски дојде до победата за 1 час и 24 минути со резултат од чисти 2:0 во сетови (7:5 и 7:6).
За Ивановски ова е деби од соништата на Вимблдон и првиот настап во елитата ќе го памети по триумфот над Американецот, кој беше десетти носител на турнирот.
Калин, во второто коло во среда, ќе ги одмери силите со Едас Бутвилас од Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.