Македонката одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Балканското јуниорско првенство во Приштина, откако попладнево во рамки на второто коло загуби од фаворитот за титулата Бугарија со 0:3 (19:25, 11:25, 16:25).
Откако вчера го совладаа домаќинот Косово, македонските репрезентативци немаа сили за посилен отпор против Бугарија, која целосно доминираше во натпреварат, препуштајќи им на „црвено-жолтите“ само 46 поени.
Денешниот пораз значи дека избраниците на селекторот Ванче Санев значително ги намалија шансите за злато, но сè уште се во игра за медал на турнирот.
Бугарија и Турција се водечки репрезентации на табелата со по две победи, македонската и црногорската репрезентација имаат половичен биланс 1:1, а Албанија и Косово се без триумф.
Утрешната пресметка со Црна Гора ќе биде решавачка за тоа дали македонските одбојкари ќе се најдат на пиедесталот на младинскиот шампионат, чиј домаќин е Приштина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.