Македонската репрезентација во е-спорт е новиот светски шампион во Кантер страјк – „CS:GO“ на Мундијалот во Ејлат, Израел. Екипата на „Блу Џејс“ ја испишаа новата глава во македонскиот спорт: „Ерата на е-спортот“.

Во финалето, македонската репрезентација ја совлада Романија.

По блискиот и тензичен натпревар против Украина, имавме можност да се одмориме и со свежи сили да влеземе против екипата на One Tap Gaming. Мапите кои го одлучуваа светскиот шампион беа Inferno(избрана од Македонија), Mirage (избрана од Романија), а во случај на мајсторка, шампионот ќе се одлучуваше на Vertigo.

 

На нашиот избор изигравме феноменално, иако не почнавме така. На полувремето заминавме со минимална предност, а во второто полувреме бевме недопирливи и триумфиравме со 16:10 – велат новите светски шампиони.

Членови на репрезентацијата

Александар „CacaNito“ Ќулукоски

Дамјан „kyxsan“ Стоилковски

Јане „aidKiT“ Апостолоски

Павле „stYleEeZ“ Стојановски

Кристијан „FODOR“ Поповски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.