Антонио Ристевски, Дардан Дехари, Лука Божиновски и Виктор Петокoв се четворицата скијачи кои ќе ја претставуваат Македонија на Апското светско првенство кое од утре до 17. февруари ќе се одржува во шведскиот Аре.
Сите четворица се на прелиминарните пријавни листи во техничките дисциплини, слалом и велеслаом, но тоа не значи дека сите ќе се натпреваруваат во секоја од дисциплините. Секако нашите скијачи ќе мора да минат преку квалификациите за да дојдат до главното натпреварување.
Велеслаломската трка е закажана за 15. февруари,а слаломската за последниот ден, на 17, февруари. Квалификациите за двете дисциплини се ден порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.