Нашиот борач Магомедгаџи Нуров е елиминиран од Летните олимписки игри во Токио откако ја загуби и последната шанса за медал. Нуров стигна до четвртфиналето во борење категорија до 97 килограми но загуби од Кубанецот Реинерис Саналас Перез.
Кубанецот славеше со 6-4 благодарение на одличната прва рунда. Шансата за Нуров за медал – бронзениот станаа јасни ако избори репасаж, но за тоа требаше Кубанецот да стигне до финалето.
Но Салас Перез изгуби од рускиот тенк Абдулрашид Садулаев во полуфиналето со што и шансите на Нуров за репасаж се распрснаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.