Македонскиот борач Бесир Алили вчера стана европски шампион во борење – слободен стил за кадети до 48 килограми, откако во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, го победи Харутјун Хованисјан од Ерменија со резултат 7-6.

На патот до финалето, тој ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија. Алили, кој е член на БК Лирија, важи за голем талент и се очекува во иднина да продолжи со напорна работа за да го нападне златото во сениорска конкуренција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.