Македонецот Влатко Андоновски – Шате е првиот пик да ја преземе селекторската функција на женската репрезентација на САД. Андоновски долги години работи во САД. Тој е тренер на Реин од Такома, Вашингтон. Во Македонија играше фудбал во Вардар, Цементарница, Македонија ЃП, по што замина во САД каде кариерата ја продолжи со играње мал фудбал, па потоа стана и тренер.

Според медиумите во САД, Андоновски, Ерика Волш Дамбах и Лора Харви се најсериозните кандидати меѓу кои ќе се избира наследникот на Џил Елис кој ја напушти функцијата по освојувањето на Светсткото првенство во Франција ова лето.

Почестен сум што ме споменуваат како еден од кандидатите за селектор на САД“, кратко порача Андоновски по најавите дека е меѓу најсериозните кандидати да стане селектор на женската селекција на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.