Прославениот американски боксер Мајк Тајсон изјави дека се чувствува како никогаш досега во животот, а како што вели, веганската диета на која се подложил е одговорна за тоа.
Станав веган, добив шанса за здрав живот. Толку бев полн со лекови и кокаин што тешко дишев напорно, признал Тајсон.
Со промена во исхраната се намалиле и неговите проблеми со артритисот.
Имав крвен притисок, речиси умирав. Тоа што станав веган ми помогна да ги отстранам сите проблеми во мојот живот. Мојот живот денес е различен, имам стабилност и повеќе не земам дрога. Јас не сум на улица или во ноќни клубови, вели тој.
Сè се одразило понатаму.
Ослабнав. Изгубив над 45 килограми. Целосно се сменив и станав веган, рече Тајсон, на кого му беше дијагностицирана клиничка дебелина во 2009 година.
Од хуманитарни причини, Тајсон закажа борба со неговиот некогаш голем ривал Ивандер Хилфилд.
Нивниот дуел треба да се одржи на 11 јули во Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.