Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се запиша во историјата на Формула 1 како прв кој остварил 92 победи во светскиот шампионат.

Британецот победи на денешното Гран при во Португалија и го надмина легендарниот Михаел Шумахер кој во својата кариера забележа 91 победа.

На победничкиот подиум на патеката „Алгарве“ се најдоа и второпласираниот Валтери Ботас исто така од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул.

Во првите 10 место обезбедија уште и: Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Карлос Сајнц (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Естебан Окон (Рено Спорт), Даниел Рикиардо (Рено Спорт) Себастијан Фетел (Ферари).

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедлив лидер со 256, пред Ботас кој има 179, трет е Верстапен со 162 бода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.