Овогодишните Летни Олимписки Игри во Токио денес беа отворени со свечена церамонија, која за првпат се одржа без гледачи на трибините. Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти, од кои двајца нема да бидат дел од денешната свеченост. Јапонија бележи високи бројки на заразени со коронавирус, па тоа е причината поради која навивачите немаа дозвола да присуствуваат на свеченото отворање на игрите. Некои од дисциплините започнаа, иако денес официјално игрите ќе го означат својот почеток.
Четврти пат во историјата меѓународниот спортски спектакл ќе се одржи на јапонско тло. Претходно тоа беше случајот во Токио 1964, Сапоро 1972 и Нагано 1998.
Организаторите одлучија оваа година да дозволат пет нови спортски дисциплини. Ова лето ќе гледаме борба за златен медал во карате, спортско качување, сурфање и скејтбординг. Новитет ќе биде и Баскет 3х3, како и BMX слободен стил.
ЛОИ требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата со коронавирусот, тие за првпат беа презакажани. Навивачи нема да има во подрачјето на Токио, а дел од капацитетите на спортските објекти ќе бидат исполнети надвор од престолнината.
Одложувањето на игрите, според првичните проценки, го чинеше организаторот 5,8 милијарди долари. Целосно откажување, пак, ќе го чинеше Токио дури 41,5 милијарди долари.
Вкупниот број на земји кои ги испратија своите спортисти во Токио е 206. На Олимписките игри во Токио ќе учествуваат 11.091 натпреварувачи, во 41 спорт и 339 дисциплини.
𝙀𝙡 𝙢𝙤𝙢𝙚𝙣𝙩𝙤 𝙙𝙚 𝙅𝙖𝙥𝙤́𝙣 🗾🎆
La bandera japonesa🇯🇵 ingresó al Estadio Olímpico 🏟️ durante nuestra #CeremoniaDeApertura.#Tokio2020 #JuegosOlimpicos pic.twitter.com/KaHtcb4pwS
— #Tokio2020 en Español (@Tokyo2020es) July 23, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.