Македонските одбојкари дојде до првата победа на Европското првенство и тоа во пресметката со Белорусија која ја добивме со 3-1 во сетови.
Сите овие низа порази што ги имавме, можеби малку среќа, можеби тој инат што не критикуваа и велеа дека сме тука дојдени како аутсајдери. Еве покажавме дека можеме и сме пресреќни. Тоа е нашата игра, според мене имавме многу падови и осцилации во претходните мечеви, ама денеска покажавме дека вредиме. Желбата беше голема, да не си заминеме од турнирот без победа. Ние сме дебитанти, а како такви добро се чувствуваме, другите што сакаат нека зборуваат, порача Александар Љафтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.