Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска скокна уште една пречка и се пласира во полуфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Лиепаја, Летонија, вреден 25.000 долари.
Лина не виде мака и во четвртфиналето славеше сигурно против Федерика Арчидиаконо од Италија, совладувајќи ја со 2-0 во сетови (6-1, 6-0). Ѓорческа на противничката ѝ препушти само еден гем.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со Ирина Шиманович од Белорусија или Мален Хелго од Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.