Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го освои фјучерс-турнирот во Коксејде, Белгија, во конкуренција на двојки.

Ѓорческа во тандем со Украинката Валерија Страхова (втори носителки) во финалето беа подобри од првите фаворитки Валентини Граматикопулу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија) со 6-4 и 6-4 по сетови.

Ова е втор освоен турнир во двојки за Ѓорческа и за Стахова годинава, откако беа славеа и во Телави, Грузија.

Наградниот фонд на турнирот што се игра на земјена подлога изнесува 25 илјади долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.