Во главната борба на UFC Fight Night 159 турнирот меѓу Жаир Родригез и Џереми Стивенс, се случи несекојдневен настан. Публиката незадоволна од одлуката да се прекине борбата почна да фрла со шишиња кон октагонот.

Мечот беше прекинат уште на самиот почеток поради кршење на правилата: Родригез го удри Стивенс со прстите во окото. Жртвата доби пет минути да се опорави, но не можеше да се врати во октагонот, што го принуди судијата во рингот да го прекине дуелот.

Фановите не беа задоволни од ваквиот развој на настаните, па почнаа да фрлаат шишиња во октагонот. Кога Стивенс ја напушти арената, придружуван од чувари, полетаа тврди предмети и кон него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.