Голема драма се случи во рамките од „W“ серијата, женската верзија на најбрзиот „циркус“ на светот, Формула 1. Шест болиди учествуваа во жесток судир на патеката Спа Франкошамп која се одржува годинава во Белгија. Возачи на болидите кои се судрија се Фабиен Волвенд, Битске Визер, Сара Мур, Аби Итон, Ајла Егрин и Белен Гарсија.
Според првичните информации Визер и Егрин се здобиле со посериозни повреди и веднаш беа префрлени во болница.
Моментно на табелата во шампионатот води Британката Џејми Чедвик со 91 бод, пред нејзината сонародничка Елис Пауел (84), а на третата позиција е Ема Кимилаинен од Финска (60).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.