Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заработи казна за инцидентот на вечерашната трка во Бахреин за Гран при на Сакир. Тој предизвика негово и излетување од патеката на Макс Верстапен од Ред Бул. За двајцата пилоти трката заврши уште во првиот круг.
Според „Motorsport.com“ Леклер ќе изгуби три позиции на трката за ГН на Абу Даби, последниот натпревар сезонава во Ф1 шампионатот.
Леклер доби и два казнени поени од судиите, со што вкупниот број на казнени поени доделени на Моначанецот во последните 12 месеци се зголеми на три.
На трката за ГН на Сахир победи Серхио Перез од Рејсинг Поинт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.