Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал објави дека по настапите во шведскиот ски центар Оре следниот месец ќе оди во пензија.

Свиндал изјави дека на 6 февруари во Оре ќе се натпреварува во спуст и супервелеслалом а потоа се повелкува.

Одлуката ја донесов во текот на изминатите неколку недели, постојаните повреди на коленото ми создаваат проблеми и не можам да продолжам со кариерата – изјави Свиндал за австриската телевизија ОРФ.

Аксел Лунд Свиндал има 36 години, тој освои четери олимписки медали, два пати победи во Светскиот куп во 2007 и 2009 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.