Полскиот ски-скокач Давид Кубацки го освои трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако синоќа го освои првото место во Бишофсхофен.

На претходните три етапи од турнејата, Кубацки еднаш беше втор и два пати трет.

Кубацки оствари скокови од 143 и 140,5 метри за вкупно 300,9 бода.

Втор беше Карл Гајгер од Германија со скокови од 140 и 136 метри, а трет Маријуш Линдвик од Норвешка со 139 и 137 метри.

Дваесет и деветгодишниот Кубацки е трет полски натпреварувач кој стигнал до „Златниот орел“. Претходно овој трофеј кој се доделува на победникот на „Четири скокалници“ го освоија неговите сонародници Адам Малиш и Камил Штох.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.