„Да… и жените можат!“ под ова мото на Пелистер, Атлетската федерација на Македонија го организираше семинарот Жени лидерки преку кој имаше за цел да докаже дека спортот, а преку него и атлетиката има моќ да ја направи родовата еднаквост реалност.
Ана Крстевска, членка на Управниот одбор при АФМ, вели дека главна тема е родовата еднаквост, нешто што оваа федерација работи постојано. Добро е познато дека на чело на АФМ стои дама во името на Александра Војнеска Зикова.
Како Федерација ова е наша цел заедно со претседателката Александра Војнеска Зикова која после долги години таа е прва жена претседателка во Атлетската Федерација. Таа е жена која што е визионерка и интензивно работи на инклузивност односно вклопување на жените во спортот на секое ниво, од органите на управување до тренерите и сите жени учеснички како официјални, партиципацијата на жените во спортот, вели Ана Крстевска, членка на Управниот одбор при АФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.