Стефанос Циципас доживеа елиминација на стартот на Вимблдон. Грчкиот тенисер не освои ниту еден сет против расположениот Американецот Франсес Тиафо (4-6, 4-6, 3-6).

Финалистот на Ролан Гарос ги разочара своите фанови уште на почетокот на турнирот во Лондон. Одигра еден од полошите мечеви во својата кратка кариера и заслужено го призна поразот.

По елиминацијата на Стефанос Циципас кај мажите, во првото коло испадна и една од фаворитките и во женска конкуренција, Петра Квитова.

Квитова е една од петте тенисерки кои што тиумфирале на Вимблдон, а испаднале во првото коло.

Шампионката од 2011 и 2014 година е елиминирана од Американката Слоун Стивенс во два сета и тоа со 6:3,6:4.

За разлика од Квитова, Ига Швјонтек беше сигурна против Хсие и славеше со 6:4,6:4.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.