Косовската џудистка Дистрија Красниќи стана првиот спортист од Европа со златен медал на Олимписките игри во Токио, откако триумфираше попладнево во категоријата до 49 килограми.

Красниќи, која е актуелен европски првак, во олимпиското финале ја совлада јапонската претставничка Фуна Тонаки.

За Косово е второ олимписко одличје во историјата и втор златен медал. Првиот пред пет години, исто така, во џудо го освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.