Можеби сум пиел, а можеби не сум пиел, каква врска има тоа? Додека ме носат крилјата, во новиот ден ќе го пронајдам својот мир.

Ова е превод на една од најпознатите песни во пејачката кариера на „летечкиот Финец“ Мати Никенен, кој почина на 55 години. Стиховите ги отпеа пред десетина години.

По што да се памети Никенен, легендата на скијачките скокови кој во 20 години долгата кариера освои се што можеше да се освои? Современиците може да изберат по што да го паметат Финецот – по спортските постигнувања, четири олимписки злата, четири Светски купа, девет светски медали, две титули на турнејата „Четири скокалници“, пет светски рекорди и вкупно 46 победи. Или пак ќе го паметат како „Марадона на скијачките скокови“ поради неговиот бурен и контроверзен живот.

Најпрво тој почнал како пејач, а дури и снимил доста успешен албум, а следните два не го доживеале истиот успех на првенецот. Имал и проблеми со алкохлот, се женел пет пати, а во 2004 ја избодел својата жена, по што поминал 26 месеци во затвор. Уште еднаш бил притворен во 2009, поради насилство врз сопругата.

Минатата година му беше дијагностициран дијабетес, но по некое време за медиумите Никенен изјави дека со вистинската доза на инсулин лесно ја контролира својата состојба.

За неговиот живот е снимен и филм, а Никенен го глуми познатиот фински актер Јаспер Паконен.

Од 1981 до 1991 тој освои еден сребрен и четири златни медали на Олипијадите, а има освоено 14 од вкупно 22 шампионати во Финска на кои има учествувано.

Со својата атлетска кариера, тој стана национален спортски херој на Финска, но приватниот живот му е доста скандалозен и често беше дел од таблоидите.

Најпрво тој почнал како пејач, а дури и снимил доста успешен албум, а следните два не го доживеале истиот успех на првенецот. Имал и проблеми со алкохлот, се женел пет пати, а во 2004 ја избодел својата жена, по што поминал 26 месеци во затвор. Уште еднаш бил притворен во 2009, поради насилство врз сопругата.

Минатата година му беше дијагностициран дијабетес, но по некое време за медиумите Никенен изјави дека со вистинската доза на инсулин лесно ја контролира својата состојба.

За неговиот живот е снимен и филм, а Никенен го глуми познатиот фински актер Јаспер Паконен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.