Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше во посета на УФЦ шампионот во тешка категорија, Американецот со хрватско потекло Стипе Миочиќ.
Грабар-Китаровиќ беше на посета на Кливленд, од каде што доаѓа Миочиќ, поточно во „Стронг стајл“ центарот каде што тренира последните 20 години. Тие разделија подароци – претседателката му даде фудбалски дрес на хрватска, а Миочиќ пар боксерски ракавици.
37-годишниот Миочиќ имаше време и за мал тренинг со Грабар-Китаровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.