ВТА со писмо ги информираше играчите за условите под кои ќе можат да дојдат на Австралија опен 2022, објави новинарот Бен Ротенберг.
Во писмото се вели дека сите играчи мора да приложат негативен тест за коронавирус најмногу 72 часа пред поаѓање во Австралија, а потоа уште еден во рок од 24 часа по пристигнувањето.
Целосно вакцинираните играчи после тоа не подлежат на никакви ограничувања. Од играчите кои нема д абидат вакцинирани ќе се бара да поминат двонеделен карантин во хотелот, а потоа редовно да се тестираат. Не е наведено дали ќе можат да тренираат додека се во изолација.
Сепак, се остава можност, во зависност од актуелната ситуација со пандемијата, овие услови да можат да се променат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.