Во драматичен меч српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да го победи Роџер Федерер и по пет часа борба стигна до петтата титула на Вимблдон.

Како што е познато, Ѓоковиќ не ѝ е миленик на лондонската публика, па така и во вчерашното финале публиката навиваше за Федерер, а по мечот Ѓоковиќ на новинарите им објасни како успевал да се справи со менталниот притисок.

Уште пред мечот бев решен да се исклучам од она што се случува околу мене, сакав да биде сконцентриран само на играта. Менталната стабилност која ја имав беше еден од клучните фактори што успеав да се вратам од тешките ситуации. За да победиш во ваков меч од пет часа во себе цело време мораш да си повторуваш дека ти си подобар и дека ќе победиш. Полесно е кога публиката е на твоја страна, тоа е дополнителна мотивација која секогаш е добредојдена. Кога не се навива за тебе е потешко, јас вчера бев исклучен и додека тие викааа: Роџер, Роџер, јас слушав: Ноле, Ноле. Да, изгледа смешно, но јас самиот се убедувам дека е така, објасни Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.