Олимпискиот шампион Александар Зверев ги сподели своите очекувања од средбата со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен.

– Пред натпреварот со Новак, се подготвувате да ја прикажете вашата најдобра игра. Треба да играте совршено против него, инаку нема да победите. Но, честопати не сте во можност да го одиграте совршениот натпревар, поради што секој губи од него толку често. Треба да ја изнудите победата од него, тој самиот никогаш нема да подари ништо. Со него треба да доминирате и да направите што е можно помалку неизнудени грешки, изјави Зверев.

Германскиот тенисер објасни и на што мислел кога рекол дека победата над Ѓоковиќ во Токио му дала многу на психолошки план.

– Олимпијадата е најважниот турнир во светот. Изгубив сет и брејк од првиот рекет на светот, но излегов од критична ситуација и ја свртев играта. Беше необичен натпревар, доживеав уникатни емоции. Беше убаво да се освои медал за Германија. Сфатив и дека сум првиот во сезоната што го победи Новак во навистина важен натпревар за него. Тој не загуби од никого и освои неколку Грен слема по ред. Секако дека тогаш ќе добиете зголемување на самодовербата. Се надевам дека ќе можам да ја продолжам мојата успешна серија, додаде Зверев.

Мечот Ѓоковиќ – Зверев е закажан за утревечер. Србинот е прв, Германецот четврти носител на Грен слемот во Њујорк кој се игра за награден фонд од 57,5 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.