На седум дена до крајот на Олимписките игри во Токио, Кина го држи врвот според освоени златни медали, пред САД и Јапонија.

Во текот на денешната програма беа доделени медали во 25 дисциплини.

Кина има 24 златни медали, следуваат САД со 20 и Јапонија со 17.

Двоцифрен број најсјајни одличја имаат и: Австралија со 14, Русија со 12 и Велика Британиа со 10.

Вкупно 53 држави имаат освоено барем еден златен медал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.