Кениската атлетичарка Беатрис Чепкоеч, која е актуелна светска рекордерка во дисциплината 3.000 метри со пречки, го освои и светскиот рекорд на пет километри. Кенијката ја истрча делницата на уличната трка во Монако со време од 14 минути и 43 секунди.
Остварувањето на 29-годишната Чепкоеч е за пет секунди подобро од рекордот што во 2018 година го постави нејзината сонародничка Каролин Кипкируи, која во таа пригода го постави и најдоброто време на уличната патека во Монако (14:44), дотогаш во сопственост на Холанѓанката Сифан Хасан од 2019 година.
Во машка конкуренција, светскиот рекордер Џошуа Чептегеј од Уганда триумфираш со време од 13:13, што е послабо од неговото најдобро време од минатата година во Монако (12:51).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.