Шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста синоќа се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако во три сета го совлада Германецот Даниел Алтмајер – 6:2, 7:5, 6:2.

Карењо Буста, 18-ти тенисер во светот, го победи 186-от играч на АТП-листата за два часа и 22 минути.

Со синоќешната победа, Карењо Буста закажа дуел со најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Тоа ќе биде петти меѓусебен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Карен Буста, а српскиот тенисер досега забележа три победи. Последниот се играше на УС Опен кога Србинот беше дисквалификуван откако случајно со топка го погоди линискиот судија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.