Eвропскиот првак во карате-борби во категоријата до 60 килограми, Емил Павлов и ракометарката на Крим која претходно со Вардар стигна до Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, Сара Ристовска се избрани за најдобри спортисти во 2018 година во Македонија во избор на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Фаик Весели беше прогласен за најдобар млад спортист, откако успеа да освои сребрен медал на Европското првенство за јуниор и бронза на Младинските олимписки игри, по што имаше големо ветување.
Ветувам дека Македонија во 2024 година ќе има уште еден медал од Олимписки игри и тоа во сениорска конкуренција – кажа Весели.
Од друга страна, за најдобар спортист во странство беше прогласен Кире Лазаров, кој настапува во редовите на француски Нант, со кој загуби во финалето на Лигата на шампиони за минатата сезона од Монпелје со 26-32.
Имавме одлична сезона и јас и клубот. Но, секогаш може подобро, па позитивно размислувам за Светското првенство – вели Лазаров.
За најуспешен спортист на годината беше прогласен Емил Павлов, кој стана европски шампион, па им се заблагодари на сите кои му помогнале да стигне до големиот успех.
Чест и задоволство ми е да бидам најдобар по три номинации. Оваа година беше една од најуспешните. По вторпат станав европски шампион. Каратето е индивидуален спорт, но заслугата е на екипата, на моите тренери и селектори. Благодарам и до МОК. Благодарност и до карате федрацијата за поддршката. Наградата е мотив за мене да ја претставам Македонија на Олимписките игри во 2020 година во Токио – вели Павлов.
Најуспешно основно училиште: ОУ „Тефејус“ – Чаир
Најуспешно средно училиште: „8 Септември“ – Тетово
Најуспешна универзитетска екипа: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (мал фудбал)
Најдобра млада спортистка: Ана Марија Георгиевска (таеквондо)
Најдобар млад спортист: Фаик Весели (карате)
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова
Најдобар женски национален тим: Женската ракометна репрезентација
Најуспешен машки национален тим: Машката ракометна репрезентација
Најуспешен тренер/селектор: Сашко Арсовски (карате)
Најдобра федерација: Карате федерацијата
Најуспешен спортист во странство: Кире Лазаров
Најуспешна спортистка на годината: Сара Ристовска
Најуспешен спортист на годината: Емил Павлов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.