Македонскиот тенисер Калин Ивановски, деновиве е во центарот на вниманието на спортската јавност со учеството на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, во јуниорска конкуренциа.

За време на неговите настапи, на официјалните преноси на Вимблдон, се употребува кратенката „МКД“, нешто за што досега многупати доаѓаа реакции од Грција.

Последнaта таква реакција стигна за време на Европското првенство, кога Грците реагираа зошто на графиката на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација беше користена кратенката „МКД“.

Дури и откако УЕФА им одговори дека употребата на „МКД“ е во согласност со правилата, деновиве, грчкиот заменик министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, за време на неговиот говор во Парламентот повторно реагираше до ФИФА и УЕФА околу името што го користеше Фудбалската федерација на Македонија и кратенката ФФМ на Европското првенство.

Останува да видиме дали ќе има грчка реакција и до Вимблдон.

Кратенката „МКД“  беше причина поради која Грција лани одбиваше да ја потпише Програмата за воена соработка со Македонија за 2020.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.