Најталентираниот македонскиот тенисер, Калин Ивановски, го заврши настапот на јуниорскиот турнир на Вимблдон во осминафиналето.
Во дуелот за влез меѓу осумтемина најдобри на најпрестижниот тениски турнир во светот, 17-годишниот Калин загуби од фаворизираниот домашен тенисер Џек Пинингтон Џоунс со 2:0 во сетови.
Клучните моменти на мечот се случија во финишот од првиот сет, кога британскиот тенисер направи брејк за водство од 6:5 во гемови, по што Ивановски испушти брејк-топка за да го врати брејкот и го загуби сетото со резултат 7:5.
По таквиот разочарувачки исход, во вториот сет, Ивановски, иако со голема борба во секој гем, не успеа да освои ниту еден гем за пораз со целосен резултат од 2:0 во сетови (7:5, 6:0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.