Ромeн Грожан, возачот на Формула 1, имаше страшен судар на синоќешното ГН во Бахраин, откако неговиот болид летна во ограда и експлодираше. Тој брзо, без поголеми повреди успеа да излезе од болидот, по што беше пренесен во болница. Од неговиот тим објавија дека има изгореници на рацете и зглобовите.
Грожан е добро. Има полесни изгореници на рацете и зглобовите. Поради добрата работа на редарите и ФИА се спаси, беше страшно, изјавија од тимот на Грожан, кој вчера се огласи и на социјалните мрежи.
Грожан порача од болница дека доборо се чувствува.
Поздрав до сите, сакам да кажам дека сум добро, поточно речиси добро. Ви благодарам на сите за пораките и на лицата на патеката и во болницата. Се надевам дека наскоро ќе можам сам да пишам порака и да се ве известам што се случува.
Шпанска „Марка“ денеска објави тескт со наслов – 27 секунди до пеколот.
Меѓу возачите се виде страв, но и кај оние кои ја гледаа трката на ТВ. Никој никогаш не доживеал ваков пекол. Автомобилот беше преполовен, што предизвика литри гориво да се излеат од резервоарот “, пишува „Марка“.
Потоа во својот текст додава:
Сцената на запалена сенка, како излегува без чевел, со стопен визир и пламени раце, ќе остане запаметена“.
Тој беше свесен дека мора да го напушти болидот десет секунди по сударот, веднаш почна да го вади појасот без разлика што доживеа голем шок. Грожан не успеа во предвиденото време да го стори сето ова, му беа потребни 27 секунди, неговиот костум издржа температура од 800 степени најмалку 11 секунди, додека дојде автомобилот со апаратот за гасење на пожар.
Херојот од сенка е докторот Робертс. Тој го зеде апаратот за гаснење пожар од комесарот и побрза да го исклучи автомобилот без да помисли дека може да експлодира и да им го одзеде животот на двајцата.
Ова што се случи не беше нешто за што трениравме. Автомобилот беше преполовен, не ги видовме ниту двете половини од количината на пламен. За среќа, комесарот имаше апарат за гаснење пожар, па го искористивме за да изгаснеме дел од пожарот и да му помогнеме на Ромeн да излезе од автомобилот. Му реков да седне кога ќе го извлечеме, тој беше во шок. Неговиот визир беше стопен, но тој не успеа да вдише многу токсичен чад во белите дробови, па помина подобро од очекуваното. На крајот тој само сериозно ги повреди рацете и нозете, е вистинско чудо, изјави д-р Робертс.
Aún no puedo creer que Grosjean esté bien. 🙏 Increíble.
I can’t still believe Grosjean is well. 🙏. Amazing.
🎥 @F1 pic.twitter.com/BQW94gExsE— Albert Fabrega (@AlbertFabrega) November 29, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.