Американскито „јутјубер“ Џејк Пол продолжува да ја гради својата професионална боксерска кариера. 24-годишниот Пол, во шестата рунда го нокаутираше поранешниот ММА и УФЦ шампион Тајрон Вудли со што стигна до петтата професионална победа.

Мечот беше предвиден да трае осум рунди, а двајцата боксери мораа да бидат потешки од 87 килограми. По овој триумф Пол останува со максимален учинок во својата професионална кариера, а ова беше вторпат да слави над Вудли, откако претходно го доби со судиска одлука.

Претходно вечерта свој дуел имаа и поранешните НБА и НФЛ ѕвезди, Дерон Вилијамс и Френк Гор, а победата со нокаут му припадна на поранешниот кошаркар на Јута Џез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.