Марко Пејчиновски не успеа да ја преплива посакуваната делница од 64 километри низ Охридското езеро, но 13-годишното момче останува херој на охриѓани и на целокупната македонска јавност. Хуманата цел за која реши да ја плива долгата делница Марко ја оствари, а денеска се појави на охридското пристаниште за дружење на лицата со ретки болести.

Малиот Марко не крие дека е разочаран што беше принуден по речиси шест часа во вода се прекине, но и порача дека наскоро повторно ќе се обиде да го оствари големиот подвиг.


фото: ohridnews.com



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.