Јулијана Петровска, лице со Даунов синдром денеска на Светскиот ден на Даунов синдром освои сребрениот медал во танц на Специјалните олимписки игри во Абу Даби.

Од оваа година танцувањето стана олимписка дисциплина, а на дебито на овој спорт во Абу Даби медал освои нашата Јулијана Петровска.

Таа со нејзината професорка по танц, Евгенија Трифуновска од танцовиот клуб Сонриса, го освоија сребрениот медал во латино танци.

Македонија од Специјалните игри во Абу Даби си заминува со осум освоени медали.

Синоќа пливачот Марио Мицковски освои злато во дисциплината 25 метри грбно, претходно тој и Стефан Трпковски се закитија со злато и во трката на 50 метри слободно.

Атлетичарот Ардијан Шабани освои сребро во трката на 25 метри и бронза на 50 метри. Сара Дураку беше бронзена во трката на 100 метри.

Во екипен спорт, кошаркарската репрезентација на Македонија го освои бронзениот медал.

Специјалната олимпијада се затвора денеска, таа е најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата на која оваа година учествуваа преку 7000 натпреварувачи од 190 земји и се натпреваруваа во 24 спортови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.