Генерален секретар на Организациониот комитет на Олимписките игри Токио 2020, Тоширо Муто, ги објави трошоците што досега ги има Јапонија, земјата домаќин на Олимпијадата.
Вкупните трошоци за организација на Олимписките игри, кои беа на товар на владата на Јапонија и властите на Токио, изнесуваат 15,4 милијарди долари – соопшти Муто за време на 138. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Муто истакна дека буџетот за Игрите е ревидиран по одложувањето на една година. Дополнителни 900 милиони долари се потрошени за создавање безбедна средина за одржување на натпреварувањата.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Олимпијадата беше одложена минатата година поради пандемијата на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.