Со извикот „Македонија, Македонија напред“, јапонските домаќини им приредија топло добредојде на првите македонски репрезентативци што ќе настапат на претстојните Олимписки игри во земјата на изгрејсонцето.
„Се надеваме дека ќе го продолжиме ова пријателство отсега па натаму. Се радувам на посетата на македонскиот народ на Чигасаки. Граѓаните на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци“, во видео обраќање порача Хикару Сато, градоначалник на Чигасаки, град што се наоѓа 50 километри јужно од Токио и во кој е македонската база за Игрите што ќе бидат отворени на 23 јули.
Стоејќи под шал со натпис „Македонија“, поддршка на осумтемина македонски олимпијци им дадоа и заменик-градоначалникот Коџи Киши, како и претседателот на Локалниот организациски комитет, Хироши Ишида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.