Сениса Естрада синоќа влезе во историјата на спортот со најбрзиот нокаут во историјата на женскиот бокс. Оваа 28-годишна Американка, наречена „супер лоша“ ја доби Миранда Адкинс за само седум секунди.

Веднаш откако се огласи ѕвончето за старт, Естрада ја нападна противничката и упати еден, два, три удари, а потоа ја испрати нејзината противкандидатка на земја со уште четири директи во главата, пред да сфати што ја снајде и изгуби свест.

Естрада е привремен шампион според ВБА-верзијата во категоријата „мува“ и ВБЦ (сребрена) верзија во јуниорска „мува“ и ова беше нејзината 19-та победа од ист број натпревари.

Адкинс го доживеа својот прв пораз во шестата борба во кариерата

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.