Поранешниот играч на Њујорк џетс во НФЛ-лигата, Зек Стејси, брутално ја претепал својата девојка и мајка на негово дете, Кристин Еванс.

Стејси го врши насилството на само неколку метри од нивното петмесечно бебе, кое плаче за време на инцидентот.

Го молев да престане, но тој ме удри неколку пати во главата. Потоа тој ме зеде и ме фрли во телевизорот – објаснила Еванс во записникот на полицијата.

Инцидент се случил минатата сабота, а американската јавност е шокирана од однесување на играчот во најпопуларниот спорт во САД.

*** Видеото содржи вознемирувачко насилство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.